31.10.17

Како да направите Еспресо, Макијато или Капучино за 2 минути!

Еспресо, макијато или капучино, кој е вашиот омилен напиток од кафе? Кога станиува збор за напитоци од кафе, вкусовите се различни. Но, покрај тоа што истите можете да ги нарачате во некое кафуле или ресторан, вие можете и самите дома да подготвите еспресо, макијато или капучино. Разликата во подготовката е минимална што можете да погледате од видеото.


Поред соодветен филџан и тацна, потребно е да имате Нескафе Еспресо и млеко, а доколку правите капучино тогаш ќе ви треба и специјален апарат за пена за капучино.

Подготовка на еспресо, макиато или капучино

Најнапред ставате една лажичка Нескафе Еспресо во филџанот. Потоа сипате врела вода и вашето еспресо е направено. Како што и самиот назив укажува, еспресо може да направите експресно бргу.
Доколку пак сакате макијато, тогаш додадете малку млеко и сте добиле макијато. Како што можете да забележите, ногу едноставно зар не! И уште останува доколку сакате капучино, во апаратот за пена за капучино, направете пена и потоа ставете неколку лажички од пената во вашиот напиток, така вашето капучино е направено и спремно за сервирање. 

30.10.17

Како Едноставно да Направите Ладно Нескафе - Дома

Ладно нескафе е исто така мошне популарен напиток во нашите кафулиња и ресторани. Но, исто како и капучино, вие можете да направите и ладно нескафе - дома! Погледајте на видеото како тоа можете едноставно да го направите.



Состојки:
- една лажичка нескафе,
- млеко,
- вода,
- засладувач по желба.
Потребни средства за подготвување на ладно нескафе:
-
ѓезве за млеко,
- висока чаша за нескафе,
- лажичка со долгнавеста рачка,
- соодветен блендер.

Подготовка на ладно нес кафе

Најпрво ставате во високата чаша една лажичка нескафе и сосема малку вода. Потоа ја блендирате содржината додека не стане кремаста со светла браон боја. Содржината треба да не е многу течна и да не може да се истури дури и ако ја свртите чашата. Потоа од ѓезвето полека сипате млеко во чашата додека не се наполни доволно. Останува уште да промешате со долгнавестата лажичка, по желба да додадете чоколаден прелив одозгора и вашето ладно несткафе е поготвено и спремно за сервирање. 

29.10.17

Како Дома да Направите Капучино или Кафе Лате – Брзо и Едноставно

Капучино е многу популарен напиток во кафулињата и рестораните кај нас и ширум светот. Постои исто така и напиток кафе лате којшто е многу сличен на капучино и се подготвува на сличен начин. Според називите се подразбира дека потеклото на овие напитоци е од Италија, односно оригинално капучино или лате кафе би можеле да нарачате во некое кафуле во Рим или Милано. Во вкусот на овие напитоци, можете да уживате и во кафулињата кај нас, но исто така можете да ги подготвите и дома. Погледајте го видеото како брзо и едноставно да напраавите капучино или кафе лате во својот дом.



Еве што ви е потребно
  • стандарден автомат за кафе
  • ѓезве за млеко
  • шоља за кафе

Подготовка на капучино или кафе лате

Млекото го сипате во ѓезве. Битно е млекото да биде ладно со процент на маснотии најмалку 3,2%.
Потоа, направете еспресо кафе и сипајте од апаратот до отприлика една третина од шољата.
Испуштете ја кондензираната вода, потоа од водата што испушта пареа сипајте 2-3 сантиметри во ѓезвето со млеко.  Направете кружни движења на ѓезвето за млекото да почне да прави пена. Цевката од апаратот ставете ја од страна на ѓезвето за млекото полесно да кружи.  Млекото не треба да проврие. Затоа со раката одоздола контролирајте млекото да не стане премногу врело. Така ќе добиете извонредна пена. Со лесни движења промешајте ја содржината на ѓезвето и сте добиле течно млеко со пена.
Сега, во претходно направеното еспресо го сипате млекото. Битно е на почеток млекото да го сипате од висина. Доколку сакате да направете интересен облик то ест изглед на вашето капучино тоест кафе лате, спуштете го ѓезвето пониско и со лесни движења го правите саканиот облик во шољата. Останува уште одозгора да додатете чоколаден прелив и вашето капучино тоест кафе лате е спремно за послужување. 

Како се прави ОВЕСНО МЛЕКО! (ВИДЕО)

Во ова видео можете да погледате како сами можете да направите овесно млеко како алтернатива за млеко од животинско потекло. Потреб...