Капучино е многу
популарен напиток во кафулињата и рестораните кај нас и ширум светот. Постои
исто така и напиток кафе лате којшто е многу сличен на капучино и се подготвува
на сличен начин. Според називите се подразбира дека потеклото на овие напитоци
е од Италија, односно оригинално капучино или лате кафе би можеле да нарачате
во некое кафуле во Рим или Милано. Во вкусот на овие напитоци, можете да
уживате и во кафулињата кај нас, но исто така можете да ги подготвите и дома.
Погледајте го видеото како брзо и едноставно да напраавите капучино или кафе
лате во својот дом.
Еве што ви е потребно
- стандарден автомат за кафе
- ѓезве за млеко
- шоља за кафе
Подготовка на капучино или кафе лате
Млекото го сипате
во ѓезве. Битно е млекото да биде ладно со процент на маснотии најмалку 3,2%.
Потоа, направете еспресо кафе и сипајте од апаратот до отприлика една третина од шољата.
Потоа, направете еспресо кафе и сипајте од апаратот до отприлика една третина од шољата.
Испуштете ја
кондензираната вода, потоа од водата што испушта пареа сипајте 2-3 сантиметри
во ѓезвето со млеко. Направете кружни
движења на ѓезвето за млекото да почне да прави пена. Цевката од апаратот
ставете ја од страна на ѓезвето за млекото полесно да кружи. Млекото не треба да проврие. Затоа со раката
одоздола контролирајте млекото да не стане премногу врело. Така ќе добиете
извонредна пена. Со лесни движења промешајте ја содржината на ѓезвето и сте
добиле течно млеко со пена.
Сега, во
претходно направеното еспресо го сипате млекото. Битно е на почеток млекото да
го сипате од висина. Доколку сакате да направете интересен облик то ест изглед
на вашето капучино тоест кафе лате, спуштете го ѓезвето пониско и со лесни
движења го правите саканиот облик во шољата. Останува уште одозгора да додатете
чоколаден прелив и вашето капучино тоест кафе лате е спремно за послужување.
Нема коментара:
Постави коментар