30.10.17

Како Едноставно да Направите Ладно Нескафе - Дома

Ладно нескафе е исто така мошне популарен напиток во нашите кафулиња и ресторани. Но, исто како и капучино, вие можете да направите и ладно нескафе - дома! Погледајте на видеото како тоа можете едноставно да го направите.



Состојки:
- една лажичка нескафе,
- млеко,
- вода,
- засладувач по желба.
Потребни средства за подготвување на ладно нескафе:
-
ѓезве за млеко,
- висока чаша за нескафе,
- лажичка со долгнавеста рачка,
- соодветен блендер.

Подготовка на ладно нес кафе

Најпрво ставате во високата чаша една лажичка нескафе и сосема малку вода. Потоа ја блендирате содржината додека не стане кремаста со светла браон боја. Содржината треба да не е многу течна и да не може да се истури дури и ако ја свртите чашата. Потоа од ѓезвето полека сипате млеко во чашата додека не се наполни доволно. Останува уште да промешате со долгнавестата лажичка, по желба да додадете чоколаден прелив одозгора и вашето ладно несткафе е поготвено и спремно за сервирање. 

Нема коментара:

Постави коментар

Како се прави ОВЕСНО МЛЕКО! (ВИДЕО)

Во ова видео можете да погледате како сами можете да направите овесно млеко како алтернатива за млеко од животинско потекло. Потреб...