5.11.17

Еве како правилно се ПИЕ ВИНО и ДРЖИ ВИНСКА ЧАША! (ВИДЕО)

На прагот сме на зимата, период кога е посебно пријатно на оброкот да се додаде и чаша добро вино. Затоа е можеби добро време да дознаете некои мали тајни во врска со овој многу популарен напиток ширум светот. Виното е напиток којшто исто така има долга традиција и на нашите простори. Но, се поставува прашањето дали е доволно познато како всушност правилно се пие вино односно како се држи винска чаша. Проверете го тоа во следното видео.

Општа поделба на вината

Генерално, вината се делат на црвено, бело и розе.
Според количината на шеќер што го содржат во себе, вината се делат на суви, полусуви, полуслатки и слатки вина.

Како се држи винска чаша

Винска чаша правилно се држи за нејзината дршка, никако за балонот тоест главата на чашата, бидејќи така го сокриваме виното односно неговата убавина, го загреваме виното, оставаме на чашата отпечатоци од прсти што не е репрезентативно тоест не е убаво да се види.
Исто така, освен за дршката, есктески убаво е винска чаша да се држи за подножјето на чашата.

Каква чаша на какво вино одговара

За црвено вино одговара винска чаша со поголем балон тоест глава на чашата, бидејќи од ваква чаша со поголем волумен, најлесно доаѓаме до правото буке што го дава едно црвено вино. За бело вино одговара нешто потесна чаша, а чашите за шампањ или пенливи вина се најтесни, бидејќи во вакви чаши најдолго се задржува јаглерод диоксидот кој е посебно важен кај овие напитоци.

Зошто се врти чашата вино пред дегустација

Веројатно имате видено како некои луѓе ја вртат чашата вино во својата рака пред да го дегустираат виното. Тоа го прават затоа што на тој начин виното најмногу ја дава својата арома тоест буке и така најдобро ќе ги осетите неговите мириси тоест најдобро ќе го почуствувате виното.

Кое вино на каква храна одговара

Општо земено, сите вина можете да ги пиете заедно со сите јадења, но ако сакаме да прејдеме на некое пвисоко ниво, постои една поделба на соодветно вино спрема јадењето. Така на пример, бело вино се пие најчесто со бело месо или со риба. Црвено вино пак се пие со црвени меса, пикантно сирење, односно со јака храна.

Како да одберете вино

Одберете вино според личниот сензибилитет и во друштво на драги луѓе, уживајте во неговата дегустација при секоја голтка. 

Нема коментара:

Постави коментар

Како се прави ОВЕСНО МЛЕКО! (ВИДЕО)

Во ова видео можете да погледате како сами можете да направите овесно млеко како алтернатива за млеко од животинско потекло. Потреб...