18.12.17

Како да ИЗБЕРЕТЕ ВИНО во РЕСТОРАН! (ВИДЕО)

Веројатно повеќепати сте биле во ситуација кога сте во ресторан да имате желба да пиете вино но не ви било познато како да изберете вино. Во таков случај, прво што треба да направите е да побарате од келнерот да ви донесе винска карта. Вообичаено, винската карта содржи на почеток вина на чаша, потоа пенливи вина и шампањци, бели вина, црвени вина и заклучно десертни и портификувани вина. Обидете се сами да пронајдете пар вина што ви делуваат интересно, земете во предвид и во кој ранг на цени вие би избрале вино. Вината во винската карта се обично нумерирани за случај да не можете лесно да го изговорите името на виното. Слободно прашајте го келнерот за совет.
Штом ќе изберете вино, како да знаете дека добро сте избрале? Погледајте го тоа во следното видео.


Значи, келнерот ќе ви го донесе виното што сте го избрале.
Потоа келнерот (или во некои ресторани сомалиер) ви го презентира виното. Тој ја задржува таа положба одредено време и притоа ќе ви ги каже името на виното, количина на алкохол, од каде потекнува виното и годината на берба.

Како да проверите дека виното е исправно

Келнерот го отвара виното и сервира. Притоа ви го дава чепот на тацна. 

Помиришете го чепот и така проверете дали виното е конзистентно, тоест да не е во состојба на распаѓање. Тој ви сипа мала количина на вино за да пробате. Дури и ако порано сте пиеле такво вино, сепак ова е друга флаша и треба најпрво да го пробате виното за да проверите да не е случајно виното скиснато или оксидирано, тоест да не е претворено во оцет. Доколку не сте сигурни дали виното е исправно, потражете помош односно кажете му на келнерот или сомалиерот да го проба виното и да каже дали е исправно.

Откако ќе се уверите во исправноста на виното, тоа ќе ви биде сервирано и вие веројатно ќе имате фантастична вечер уживајќи ви вкусот на виното. 

Нема коментара:

Постави коментар

Како се прави ОВЕСНО МЛЕКО! (ВИДЕО)

Во ова видео можете да погледате како сами можете да направите овесно млеко како алтернатива за млеко од животинско потекло. Потреб...