Како што е познато, постојат повеќе видови на вино, а
основната поделба е на црвено вино, бело вино и розе. Исто така, постојат и
различни чаши за вино. Понекогаш, може да дојдете во дилема, во каква чаша да
послужите одредено вино. На пример, дали ви е познато, во каква чаша се служи
црвено вино? Погледајте го следното видео каде што откако ќе се потсетите како
се отвара флаша вино, во еден момент ќе се појават три винско чаши. Вие
кликнете на онаа за којашто сметате дека е токму таа чаша во којашто се служи црвено
вино. Веднаш потоа ќе дознаете дали вашиот избор бил точен.
Освен што треба да знаете во каква чаша се служи црвено вино, пожелно е да знаете и колку се полни винска чаша.
Чаша за црвено вино - облик и својства
Чашите за црвено вино имаат заоблено, широко тело со голем отвор одозгора. Во една таква чаша, поголема површина од виното доаѓа во контакт со кислород и на тој начин со ослободува повеќе арома. Ваквиот облик на чашата помага виното веднаш да пристигне до сите делови на устата што овозможува аромите и вкусовите подобро да се почуствуваат. Погледајте го исто така видеото како правилно се пие вино.Уживајте во вкусот на виното што ќе го одберете, а доколку се одлучите за црвено вино, сега ви е познато во каква чаша се служи црвено вино.
Нема коментара:
Постави коментар