15.11.17

Како да препознаете ДОБРО Еспресо, Макијато и Капучино! (ВИДЕО)

Многумина се љубители на различни напитоци од кафе, посебно во утринските часови. Некој преферира еспресо, друг макијато или капучино, напитоци коишто се во основа слични, а разликата е во некои нијанси. Веројатно сте пиеле напитоци од кафе на различни места и секаде не биле подготвени на истиот начин, односно имало разлика во изгледот и вкусот. Погледајте во следното видео, како да препознаеете добро еспресо, макијато и капучино.


Одлики на Добро ЕСПРЕСО

Добро подготвеното еспресо треба да има компактна крема со темна златно-жолта боја, без крупни меурчиња и бледи флеки. Штом ќе слегне, пената би требало да има дебелина од неколку милиметри и не би требало бргу да се разбива.
Вкусот треба да е избалансиран помеѓу слатко и кисело и долго да се задржува во устата. Текстурата на едно добо подготвено еспресо, треба да е глатка и кремаста.

Одлики на Добро КАПУЧИНО

За да се добие добро капучино, при сипањето на млекото во еспресо, треба да се обрати внимание кремата да остане на рабовите од шољата, за да можете при првата голтка да го почуствувате јакиот вкус на кафето. Слојот на пената треба да е со дебелина еден сантиметар.

Одлики на Добро МАКИЈАТО

Макијато е уште еден италијански класичен напиток од кафе. Називот го има добиено од обичајот, еспресо-то да се извалка со пена од млеко, што на кафето му дава додатна слаткост.
Во шоља еспресо, внимателно се става една до две лажички пена врз кремата од еспресо и така се послужува.

Се надеваме дека сега полесно ќе препознаете добро еспресо, макијато и капучино во некое кафуле или ресторан. 

Нема коментара:

Постави коментар

Како се прави ОВЕСНО МЛЕКО! (ВИДЕО)

Во ова видео можете да погледате како сами можете да направите овесно млеко како алтернатива за млеко од животинско потекло. Потреб...