20.11.17

Како се чува ОТВОРЕНА флаша ВИНО! (ВИДЕО КВИЗ)

Честопати  се случува, откако ќе биде отворена флаша вино, целото вино да не биде испиено. Во такви ситуации, веројатно се прашувате како да се чува виното за да остане во добра состојба и да можете подоцна повторно да уживате во неговиот вкус. Тоа можете да го дознаете од следниот видео квиз.


Понудени ви се три опции како се чува отворена флаша вино:
а) да се обидете флашата да ја затворите со плутениот чеп со којшто флашата вино првично била затворена,
б) вакуум пумпа,
в) со ставање на лажица со рачката надолу во отворот на флашата.

Доколку избравте под а) или под в), тогаш обидете се уште еднаш, бидејќи точниот одговор е под б) со мала вакуум пумпа.

Вообичаено, виното треба да биде испиено најдоцна еден ден после отварањето на флашата. Но, доколку имате вакуум пумпа со којашто добро ќе ја затворите флашата и доколку го чувате виното во фрижидер, тоа може да остане во добра состојба дури до две недели.

Уживајте во вкусот на виното коешто го имате избрано!

Нема коментара:

Постави коментар

Како се прави ОВЕСНО МЛЕКО! (ВИДЕО)

Во ова видео можете да погледате како сами можете да направите овесно млеко како алтернатива за млеко од животинско потекло. Потреб...