23.12.17

Како да направите ТОПЛА ЧОКОЛАДА со ЦИМЕТ! (ВИДЕО)

Во ладните зимски денови, потребни ви се топли напитоци за да се загреете. Еден од највкусните топли напитоци е секако на многумина омилената топла чоколада. Во следното видео погледајте како се прави топла чоколада со цимет!

Подготовка на топла чоколада со цимет

Најпрво ставете млеко да се вари.
Додајте една лажица браон шеќер.
Додајте во млекото едно стапче цимет и промешајте.


Во посебен стаклен сад, истурете едно мало пакување на млечен крем и добо изматете го со рачен миксер. Додајте малку вода за да биде поредок млечниот крем.
Потоа, изрендајте малку темна тоест куинска чоколада.
Во млекото ставете ги претходно искршените коцки од чоколада.
Промешајте убаво во лонецот и сипајте во големи стаклени чаши.

Потоа, со голема лажица дополнете ги чашите со подготвениот млечен крем.
Одозгора додајте од изренданата чоколада и декорирајте со стапче од цимет во секоја чаша.
Вашата топла чоколада со цимет е подготвена за сервирање.
Уживајте во овој прекрасен топол напиток!


Нема коментара:

Постави коментар

Како се прави ОВЕСНО МЛЕКО! (ВИДЕО)

Во ова видео можете да погледате како сами можете да направите овесно млеко како алтернатива за млеко од животинско потекло. Потреб...