25.12.17

Како се прави БЕЛА ТОПЛА ЧОКОЛАДА! (ВИДЕО)

Покрај темната топла чоколада, интересен зимски напиток е исто така и бела топла чоколада. Погледајте во видеото како се подготвува, а подолу можете да прочитате кои состојки ви се потребни и како се подготвува бела топла чоколада.

Состојки

- квалитетна бела чоколада
- слатка павлака со 36% млечна маст
- млеко
- малку клинчиња каранфилчиња како додаток за зимскиот период.

Подготовка на бела топла чоколада

Во лонецот на оган се спојуваат млекото и павлаката и се додава малку клинчиња каранфилчиња.

Загревате до пред зовривање и тогаш ја додавате белата чоколада.
Ја исклучувате ринглата и мешате во лонецот додека белата чололада да се истопи во потполност.
Потоа низ цедалка сипате во голема стаклена чаша, за да се ослободите од каранфилчињата.
Вашата бела топла чоколада е подготвена, уживајте во нејзиниот вкус!

Нема коментара:

Постави коментар

Како се прави ОВЕСНО МЛЕКО! (ВИДЕО)

Во ова видео можете да погледате како сами можете да направите овесно млеко како алтернатива за млеко од животинско потекло. Потреб...