26.12.17

Како се прави ТОПОЛ ПУНЧ - Зимски Напиток! (ВИДЕО)

За да се загреете во ладните зимски денови, добро доаѓа некој зимски напиток, како на пример топол пунч. Што е всушност топол пунч? Тоа топол напиток којшто се подготвува на сличен начин како и варено вино. Погледајте како се прави топол пунч, во следното водео.



Потребни состојки за топол пунч


- црвено вино 1 л.
- малку рум
- еден портокал
- малку браон шеќер
- малку цимет
- ванилин шеќер
- малку каранфилчиња

Подготовка на топол пунч

Најпрво во лонецот го сипате виното и додавате браон шеќер, цимет, каранфилчиња и ванилин шеќер коишто се одлични зимски зачини.
Потоа додавате кора од еден излупен портокал којашто дава одлична арома. Потоа додавате сок од еден портокал што исто така му дава одлична арома на топлиот пунч. Тоа го загревате на умерен оган.

Штом виното кратко проврие (не треба долго да врие), го процедувате во еден стаклен бокал. Потоа ставате во чаша, додавате малку рум и вашиот топол пунч е подготвен и може да се проба. Ви посакуваме топли зимски денови со зимски напитоци по ваш вкус.  

Нема коментара:

Постави коментар

Како се прави ОВЕСНО МЛЕКО! (ВИДЕО)

Во ова видео можете да погледате како сами можете да направите овесно млеко како алтернатива за млеко од животинско потекло. Потреб...