26.12.17

Како се прави ТОПОЛ ПУНЧ - Зимски Напиток! (ВИДЕО)

За да се загреете во ладните зимски денови, добро доаѓа некој зимски напиток, како на пример топол пунч. Што е всушност топол пунч? Тоа топол напиток којшто се подготвува на сличен начин како и варено вино. Погледајте како се прави топол пунч, во следното водео.



Потребни состојки за топол пунч


- црвено вино 1 л.
- малку рум
- еден портокал
- малку браон шеќер
- малку цимет
- ванилин шеќер
- малку каранфилчиња

Подготовка на топол пунч

Најпрво во лонецот го сипате виното и додавате браон шеќер, цимет, каранфилчиња и ванилин шеќер коишто се одлични зимски зачини.

25.12.17

Како се прави БЕЛА ТОПЛА ЧОКОЛАДА! (ВИДЕО)

Покрај темната топла чоколада, интересен зимски напиток е исто така и бела топла чоколада. Погледајте во видеото како се подготвува, а подолу можете да прочитате кои состојки ви се потребни и како се подготвува бела топла чоколада.

Состојки

- квалитетна бела чоколада
- слатка павлака со 36% млечна маст
- млеко
- малку клинчиња каранфилчиња како додаток за зимскиот период.

Подготовка на бела топла чоколада

Во лонецот на оган се спојуваат млекото и павлаката и се додава малку клинчиња каранфилчиња.

23.12.17

Како да направите ТОПЛА ЧОКОЛАДА со ЦИМЕТ! (ВИДЕО)

Во ладните зимски денови, потребни ви се топли напитоци за да се загреете. Еден од највкусните топли напитоци е секако на многумина омилената топла чоколада. Во следното видео погледајте како се прави топла чоколада со цимет!

Подготовка на топла чоколада со цимет

Најпрво ставете млеко да се вари.
Додајте една лажица браон шеќер.
Додајте во млекото едно стапче цимет и промешајте.

20.12.17

Како се прави САЛЕП - Зимски Напиток! (ВИДЕО)

Салеп е еден од најпопуларните топли напитоци кај нас којшто веројатно потекнува од Турција. Салеп се смета за зимски напиток којшто е здрав за плуќата и дишните патишта, а се подготвува прилично едноставно. Потребно ви е само пакување салеп, млеко и цимет по желба. Погледајте во следното видео како практично изгледа подготовката на пријатниот зимски напиток салеп.



Најпрво го варите млекото и го ставате во шоља.
Потоа додавате 2-3 лажички салеп, промешувате и вашиот зимски напиток салеп е подготвен. Уживајте!


18.12.17

Како да ИЗБЕРЕТЕ ВИНО во РЕСТОРАН! (ВИДЕО)

Веројатно повеќепати сте биле во ситуација кога сте во ресторан да имате желба да пиете вино но не ви било познато како да изберете вино. Во таков случај, прво што треба да направите е да побарате од келнерот да ви донесе винска карта. Вообичаено, винската карта содржи на почеток вина на чаша, потоа пенливи вина и шампањци, бели вина, црвени вина и заклучно десертни и портификувани вина. Обидете се сами да пронајдете пар вина што ви делуваат интересно, земете во предвид и во кој ранг на цени вие би избрале вино. Вината во винската карта се обично нумерирани за случај да не можете лесно да го изговорите името на виното. Слободно прашајте го келнерот за совет.
Штом ќе изберете вино, како да знаете дека добро сте избрале? Погледајте го тоа во следното видео.


Значи, келнерот ќе ви го донесе виното што сте го избрале.
Потоа келнерот (или во некои ресторани сомалиер) ви го презентира виното. Тој ја задржува таа положба одредено време и притоа ќе ви ги каже името на виното, количина на алкохол, од каде потекнува виното и годината на берба.

Како да проверите дека виното е исправно

Келнерот го отвара виното и сервира. Притоа ви го дава чепот на тацна. 

17.12.17

Како се прави ЛАДНО КАПУЧИНО во кафуле! (ВИДЕО)

Во ова видео погледајте како се прави ладно капучино во кафуле или ресторан.


Во соодветен сад се налева 150 мл ладно млеко.
Потоа се загрева млекото на пареа од автомат.
Се сипа млекото во голема чаша за капучино.
Се додава инстант капучино во млекото.
Се меша со спинер миксер.
Се додава пар коцки мраз и се долева уште ладно млеко.
Вашето ладно капучино е спремно за консумирање!

Како се прави ОВЕСНО МЛЕКО! (ВИДЕО)

Во ова видео можете да погледате како сами можете да направите овесно млеко како алтернатива за млеко од животинско потекло. Потреб...